Македонската одбојкарска репрезентација имаше совршен старт на новата сезона во Европската сребрена лига, откако со доминантна игра стигнаа до 3:0 (25:16, 25:17, 25:23) победа на Босна и Херцеговина.
Во првиот сет, гостите успеваа да останат во игра до 11:8, пред со две добри серии да се обезбеди сетот со 25:16. Одличниот старт продолжи и во вториот сет, каде што македонските одбојкари поведоа со 7:1, па со 18:12, контролирајќи ја играта. Само во последниот сет беше ирамнето, откако гостите има водство од 9:10, пред во неизвесен финиш да се обезбеди победата.
Претходно, вчера, во првиот меч од нашата група Б, Романија со 3:1 ја совлада Албанија. Следниот меч за македонските одбојкари е во сабота на гости токму кај Романија.