Македонските одбојкари поразени од Данска

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва загуби од Данска со 0:3 во 3. коло од А-групата на Европската сребрена лига.

Мечот во салата „Парк“ во Струмица, гостите го отворија со 25:21 во првиот сет, во вториот беше 25:23, додека третиот заврши 26:24.

Најефикасни кај „црвено-жолтите“ беа капитенот Никола Ѓорѓиев со 15 поени, Александар Љафтов и Ристо Николов запишаа по осум поени. Кај Данците се истакна Јенсен со 20 поени.

Со оваа победа, Данска направи голем исчекор кон пласман на завршниот „фајнал фор“ турнир, на кој домаќин ќе биде македонската репрезентација исто така во Струмица.

На првиот натпревар од 3. коло во оваа група, Израел го победи Кипар со 3:2.

Данците се први на табелата со осум бодови, Македонците имаат шест, Израел е трет со 3, Кипар последен со еден бод.

Следниот турнир ќе се игра во Данска од 28 до 30 мај.

Би можело да ве интересира

Одбојкарките на Работнички пред одбрана на титулата

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Инцидент во Велес: Одбојкарите на Шкендија физички се пресметаа со навивачите

Предраг Петровиќ

Одбојкарите триумфално ја почнаа Сребрената лига

Матијашевиќ го претстави списокот од 20 одбојкари за Европската сребрена лига

Жарко Настоски

Двојна круна за одбојкарките на Јанта Волеј, ја освоија и шампионската титула

Жарко Настоски

Одбојкарите го почнаа проектот Европско првенство 2021

Катерина Ѓуровски