Одбојкарите го почнаа проектот Европско првенство 2021

Од:

Одбојкарската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2021 година. Првиот дуел од турнирот кој ќе биде одигран во Скопје, македонските одбојкари ќе го одиграат против Босна и Херцеговина на 11. јануари. Во квалификациската група противник е и селекцијата на Турција.

Натпревари ќе бидат одиграни во арената “Борис Трајковски” од 11-ти до 16-ти јануари. Во меѓувреме, македонските одбојкари ќе се тестираат четирипати против Бугарија – репрезентација од првиот светски одбојкарски ешалон, на 29-ти и на 30-ти овој месец кај нас и празнично на Бадник и на Божик во Софија.

На почетокот на подготовките, селекторот Матијашевиќ ќе работи со играчи од домашното првенство, а интернационалците коишто се основа на тимот: Никола Ѓорѓиев, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Александар Љафтов и Филип Деспотовски, ќе се приклучат откако ќе завршат со клупските обврски. Блокерот Филип Маџунков засега е повреден, но ќе биде подготвен за натпреварите во јануари.

За пласман на Европското првенство потребно е да бидеме првопласирани во групата или да бидеме меѓу петте најдобри второпласирани во седумте конкуренции.

Квалификации за ЕП 2021 (распоред)
11 јануари: Македонија – Босна и Херцеговина (18:00)
12 јануари: Босна и Херцеговина – Турција (18:00)
13 јануари: Македонија – Турција (18:00)
14 јануари: Македонија – Босна и Херцеговина (18:00)
15 јануари: Турција – Босна и Херцеговина (18:00)
16 јануари: Македонија – Турција (18:00)

Би можело да ве интересира

ЕП во одбојка: Словенија и Италија во денешното финале

Ана Ололовска

Формирани осминафиналните парови на ЕП во одбојка

Ана Ололовска

Македонските одбојкари поразени од Данска

Матијашевиќ го претстави списокот од 20 одбојкари за Европската сребрена лига

Жарко Настоски

Двојна круна за одбојкарките на Јанта Волеј, ја освоија и шампионската титула

Жарко Настоски

Мојсовски: Пласманот на ЕП е огромен успех за македонската одбојка и спорт

Ана Ололовска