ДУИ ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија за МПЦ-ОА

Од:

Демократската унија за интеграција ја поздравува одлуката на Вселенската патријаршија од Истанбул да ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија во канонската и литургиската заедница.

– Во оваа прилика им изразуваме искрени честитки на сите православни верници во земјата за оваа долгоочекувана одлука која им дава еднаков статус на верска проповед со сите православни верници во светот.За иднината на државата е исклучително важно да се решава повеќегодишен спор. Оваа одлука ги зајакнува темелите на стабилноста во регионот и ги потврдува вредностите на меѓуверска почит и толеранција. Демократската унија за интеграција смета дека хоризонтот на помирување меѓу народите е веќе отворен и на овој пат кој цели кон заедничката европска иднина на целиот регион мора да продолжиме да носиме храбри одлуки и рационалноста да преовладува над штетните изолирачки спорови се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ДИУ: Вреди постои како име за пропаганда

ДУИ: Дивоградбата на државно земјиште повторно се гради, Град Скопје и Општина Чаир молчат