Интернет измамите се чести и прилично комплексни и тешко е да се забележат се додека не биде доцна. Но, една Австралијанка била многу „наивно“ измамена.
Жената на интернет објавила дека купува два АјФона. Веднаш по објавениот оглас и се јавила „продавачка“ со која се договориле да се најдат во ресторан.
Во ресторанот и биле донесени две навидум оргинални кутии од АјФон, за кои платила 1.500 австралиски долари.
Наивната жена кутиите ги отворила дури кога се вратила дома, но наместо АјФон во нив имало по едно јаболко.