Антонов: Руската амбасада во САД е блокирана, во Вашингтон одбиваат средби со мене

Од:

Амбасадорот на Русија во САД Анатолиј Антонов денеска изјави дека амбасадата во Вашингтон „се наоѓа под блокада“, сметките на дипломатско-конзуларните преставништва на Русија во земјата се блокирани и се пожали дека високи официјални службеници и конгресмени одбиваат средби со него.

-Како што изгледа амбасадата се наоѓа под блокада од страна на државни структури на САД, сметките на двата наши генерални конзулати во Хјустон и Њујорк се затворени од Bank of America, изјави Антонов за телевизијата „Росија 1“.

Во интервју за изданието „Политико“, амбасадорот претходно изјави дека високи официјални службнеици и конгресмени одбиваат средби со него. Изјави дека амбасадата само одржува „технички контакти“ со администрацијата на претседателот Џо Бајден и дека соработката продолжува но на многу пониско ниво.

Односите меѓу САД и Русија се речиси замрзнати по почетокот воената инвазија на Русија во Украина при крајот на февруари. Во 2021 година САД протераа 12 руски дипломати, а во септември Вашингтон побара протерување на уште 55 вработени во руската амбасада. Амбасадата на САД во Москва пак се намали за 27 вработени, а уште 28 треба да заминат до јуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува