Шефот на терористичката група Исламска држава во Западна Африка, Амар бин Умар е убиен минатата недела од страна на нигериските владини сили во областа на езерото Чад, објави нигерискиот информативен портал „Политикс Нигерија“.
Според него, нигериските воздухопловни сили, како дел од заедничката операција со војници од Нигер и Камерун, извршиле воздушни напади на 14 април во близина на градот Арин во нигериската држава Борно, во кои е убиен Бин Умар.
Претходниот ден, портпаролот на Мултинационалните заеднички оперативни сили, полковник Мохамед Дол рече дека вооружените сили на Нигерија, Нигер и Камерун убиле повеќе од 110 борци, вклучително и 10 команданти на терористички групи, за време на заедничка операција на езерото Чад овој месец.
Извор: МИА