Конашенков: Кај Лавов уништени логистички центар и складиште со донирано странско оружје

Од:

Руската армија вечерва соопшти дека, денеска во близина на Лавов со ракети со висока прецизност уништила големо складиште со странско донирано оружје, што неодамна и беше доставено на Украина, пренесоа француските медиуми.

-Утринава руските воздухопловни сили извршија напад со ракети со „висока прецизност“ врз логистички центар на украинските вооружени сили во близина на Лавов, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

Според него, уништени се логистичкиот центар и голем дел од складираното странско оружје што го „испорачаа САД и европските земји во последните шест дена“.

-Уништено е и складиште за муниција кај Василково, во Киевската област, изјави Конашенков.

Руската војска во текот на денот уништи вкупно 16 украински воени локации, вклучително и фабрика за поправка на тактички ракети „Точка -У“, неколку складишта за муниција и складиште за гориво.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина