Курти: Нападите врз косовската полиција доаѓаат од српска територија, Белград да се дистанцира

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека нападите што последните три дена се случија врз косовските полицајци во близина на границата со Србија во северно Косово биле изведени од српска територија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во реакцијата преку неговата официјална страница на Твитер, Курти наведе дека извори на неговата влада потврдиле дека нападите, во кои е употребено и огнено оружје, се извршени од другата страна на границата со Србија.

-Три дена по ред (11 – 13 април) службеници на полицијата на Косово се напаѓаат на граничниот премин со Србија. Вчера и денеска рафали од огнено оружје се испукани и рачна граната е фрлена во правец на полицијата. Нашите извори идентификуваа дека вчерашните напади дошле од Србија, напиша Курти.

Тој го повика официјален Белград да ги осуди, како што ги нарече, „насилните терористички“ напади врз патролите на косовската погранична полиција, во кои, како што напоменува, имало и припадници на српското малцинство во Косово.

-Ова нема да нè одврати ниту да нè запре во нашата борба за одбрана на правната држава од организираниот криминал и корупцијата на целата територија на нашата Република. Ја повикувам Србија да ги осуди и да се дистанцира од насилните терористички напади врз нашите полицајци, од кои некои се косовски Срби, напиша Курти.

И Канцеларијата на Европската унија во Косово го осуди денеска нападот врз косовската полиција во општина Зубин Поток, и повика „да се избегнат шпекулациите кои можат да доведат до натамошно подигање на тензиите“ во државата.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља на вонредна прес-конференција претпладнево информира дека две возила на косовската полиција, кои превезувале полициски службеници на граничен премини со Србија во северно Косово, се нападнати утрово со рачна бомба и со калашников.

Свечља информира дека последните три дена во таа област се случиле четири напади врз косовската полиција, и тоа еден со поставување метални ланци со шилци на националниот пат кој води кон границата, вториот со фрлање камења кон полициско возило, а синоќа и утрово со огнено оружје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски