Русија се закани со напад на Киев

Од:

Руското Министерство за одбрана соопшти дека морското трговско пристаниште во Мариупол е „целосно ослободено од милитантите на нацистичката формација Азов“.

– Сите заложници кои нацистите ги држеа на бродовите во пристаништето, вклучително и странските, се ослободени. Остатоците на единиците на украинските војници и нацистите „Азов“ кои се наоѓаат во градот се блокирани и лишени од можноста да избегаат, изјави портпаролот на Министерството Игор Конашенков.

– Гледаме обиди за саботажа и удари на украинските војници на објекти на територија на Руската Федерација. Доколку таквите случаи продолжат, руските вооружени сили ќе ги нападнат центрите за одлучување, вклучително и Киев, од што руската војска досега се воздржуваше, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина