Атрошенко: Во рускиот напад врз Чернихив има најмалку 700 мртви

Од:

Најмалку 700 лица се убиени за време на рускиот напад врз северниот украински напад Чернихив, изјави денеска градоначалникот Владислав Атрошенко, додека ОН сè уште не објавуваат податоци за зоните од кои се повлече руската армија.

-Уште најмалку 40 лица се сметаат за исчезнати, изјави Атрошенко, пренесе агенцијата УНИАН.

Градоначалникот додаде дека во градот останале околу 95.000 жители од околу 285.000 колку што имало претходно, откако руските сили се повлекле од областа за да се фокусираат на источниот дел на земјата.

-Во Ченихив вчера пристигна првиот голем хуманитарен конвој по повлекувањето на руските сили, изјави гувернерот Вјачеслав Чаус.

Бројот на цивилни жртви е тешко да се одреди од независни извори, но Обединетите нации соопштија дека сакаат да објавуваат прецизни бројки, наведуваат француските медиуми.

ОН од 2014 година ги бележат цивилните жртви во земјата преку Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина (HRMMU), кога Русија го анектираше Крим, а проруските бунтовници на истокот од земјата го почнаа бунтот против властите во Киев.

-ОН сè уште не ги објавија податоците за бројот на загинати во зоните под контрола на руската војска, како што се регионите Харков, Чернихив и Херсон, изјави Владимир Шчербау од HRMMU.

„Но, ние ќе ги објавиме тие информации многу брзо“, додаде Шчербау, цитиран од француските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина