Русија за нападот во Краматорск: Украинците сакаа да ги спречат цивилите во бегството, за да можат да го користат како жив штит

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини украинската војска дека го извршила утринскиот смртоносен ракетен напад врз железничката станица во Краматорск во кој загинаа 50 цивили.

Русите тврдат дека на тој начин украинската армија сакала да ги спречи цивилите да се евакуираат, за да можат да ги користат како жив штит.

Руското министерство, без никакви докази, тврди дека ракетите биле истрелани врз железничката станица од блискиот град Добропоље, што е под контрола на Украина.

Русија тврди дека не го користи проектилот „Точка-У“, што, очигледно, бил употребен во нападот. Таквите проектили ги користат Украинците, наведе руското Министерство за одбрана.

Но, аналитичарите објаснуваат дека фотографиите и снимките докажуваат дека руската војска сè уште ги користи наведените ракети,пренесува Би-Би-Си.

Според експертите за оружје на Амнести интернешнал, станува збор за проектили што се исклучително непрецини и редовно ги промашуваат своите цели за половина километар и повеќе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина