Делфините можат да препознаат други делфини и по 20 години разделба, тврди еден американски истражувач, кој на овие морски цицачи им го препишува најдолгото социјално памтење во животинскиот свет.
Обично се вели дека слоновите никогаш не забораваат, но таа нивна особина е повеќе заснована на „анегдотски докази“, нагласува Џејсон Брук од Универзитетот во Чикаго.
Неговото исражувањето опфатили 43 делфини од шест зоолошки градини или аквапаркови, кои со во текот на години менувале животни. Се испоставило дека делфините веднаш го препознаваат звукот на делфинот со кој во одреден момент, дури и пред многу години, биле во контакт.
– Кога ќе слушат познато свиркање веднаш се приближуваат до звучникот. Понекогаш кружат наоколу, обидувајќи се да добијат одговор, вели Брук.
Тој во својата студија нагласува дека делфините покажуваат ниво на препознавање слично на социјалното памтење на луѓето.