Австриските католички свештеници имаат нова стратегија за да ги вратат верниците во црква, ги рекламираат црквите како места за разладување во деновите на рекордно високи температури.
Топлотниот бран што ја зафати Австрија, каде температурата на воздухот со денови е околу 40-иот степен беше повод католичката новинска агенција Катпрес да истражи во која црква е најпријатно.
– Кога климатизерите, освежувачките води на езерата и базените се вон дофат австриските цркви можат да пружат разладување, но и духовно освежување, истакнува Катпрес. Истражувањето покажало дека температурата во најстудената црква во Виена достигнува 24 степени, додека во криптата на катедралата Свети Стефан живата на термометарот се спушта дури до 14 степени.