Руската државна енергетска компанија Газпром објави дека продолжува со големите испораки на гас преку Украина до западните земји.
Компанијата соопшти дека денеска низ гасоводот на Украина ќе поминат 108,4 милиони кубни метри гас, додека вчера биле испорачани 108,1 милиони кубни метри.
Русија продолжи да испорачува гас и во текот на викендот и покрај барањето на претседателот Владимир Путин гасот да се плаќа само во рубљи.
Транзитот на руски гас во Украина обезбедува милијарди евра буџетски приход.
Извор: МИА