Деца снимале како тепаат соученик, а снимките ги споделувале на социјалните мрежи

Од:

Деца од скопска Кисела Вода снимале како тепаат соученик, а снимките ги споделувале на социјалните мрежи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 31.03.2022 во 19.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 45-годишен маж од Скопје пријавил дека неговиот малолетен син, ученик во основно училиште, во неколку наврати, на игралиштето во дворот на училиштето, бил физички нападнат од тројца малолетници, соученици во училиштето. Според пријавеното, малолетниците ги снимале настаните, а снимките ги споделувале на социјални мрежи и помеѓу другите ученици.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он