Бизнисменот Кирил Лазаров: 100 000 стари жители повеќе и 200 000 млади луѓе помалку е огромниот предизвик по економската одржливост на државата, а не што сме по вера и нација

Од:

„Како луѓе исправени пред Бога, сите сме исти и еднакви, без разлика на националност, вера, боја на кожа и слично. Како луѓе исправени пред државата и нејзините национални интереси и уставот и законите, воопшто не е важно колку сме Македонци или Албанци, православни или муслимани“, вели Кирил Лазаров, сопственик на НИКОБ Групацијата и претседател на Македонско- Бугарската стопанска комора, во врска со пописот.

„Ние сме демократска држава и симбол на интегрирање на различностите и токму тоа е нашата најголема сила. Најважно е колку сме, колкаво работоспособно население имаме, која е структурата во образованието, вработеноста, односно невработеноста, а со тоа и економската моќ на државата.

Јавно апелирам, мобилизирање на сите економски, стопански и бизнис чинители во државата за подготовка на конечна, суштинска и сеопфатна економска стратегија и образовна платформа прилагодена врз овие структурни статистики за да ја спречиме белата чума и да се задржи во државата она што останало.

Погубно е за државата и економијата губиток на скоро 200 000 луѓе.

100 000 стари жители повеќе и околу 200 000 млади луѓе помалку е вистинската главоболка и огромен предизвик по националната безбедност и економската одржливост на државата. Ни треба развој и нов почеток“, вели Лазаров.

Би можело да ве интересира

Македонија има 18.897 неписмени лица, објавен трет сет податоци од пописот

Ана Ололовска

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Симовски: Каде беа за пописот тие 132.000 граѓани, наседнаа на убедувањето за бојкот

А1он

Демократската Партија на Турците не ги прифаќа резултатите од Пописот

А1он

Демократски сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалноста

„Најголем фалсификат“, „Оставка од Симовски и од Владата“, граѓаните револтирани од резултатите од пописот

Маја Илиевска-Пачемска