Во Македонија како Бугари се изјасниле околу 3500 лица. Ова е податокот кој го сподели директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски. Тој посочи дека мал е бројот на лица кои не се попишани од различни причини. Дециден е дека било тешко да се спроведе статистичката операција.
„Мислам дека се 3500 лица кои се изјасниле како Бугари. Спроведувавме попис во тешки околности. Дел не ја искористија можноста да бидат попишани. Имавме луѓе кои се занимаваа со земјоделие, доаѓа дома вечерта по 20 часот, беше тешко да ги најдеме. Имавме ковид, бидејќи многумина се плашеа, иако ги спроведувавме сите мерки. Имаше и низа други причини. И покрај сите напори, имавме бројка на непопишани која во вакви околности е мала. Очекувавме и поголем неопфат од причините кои ги наведов“, рече Симовски.
На прашањето зошто кажа дека ќе биде државен непријател број еден: „Се извинувам на јавноста. Погрешно беше разбрана мојата шега. Секогаш се наоѓаат експерти за сѐ. Секогаш ќе се најде некој што ќе најде некоја забелешка“.
„Државниот завод за статистика има обврска да прикаже реална слика. Каква ќе биде таа слика не знаевме, а не се водевме по желбите и очекувањата на било кого. Ние ја прикажавме реалната состојба, дали на некого ќе му се допадне тоа или не, тоа е негова работа“, рече Симовски на прашањето што ако некои од етничките заедници не ги признае резултатите од пописот.
Тој се пожали дека имало бојкот.
„Има земји кои имаат многу поголем неопфат. Бројката од 132.000 непопишани се однесува и на кампањите кои беа црни, дека се работи надвор од стандардите. Пописот го правевме среде лето и пандемија. Кампањите нанесоа штета, не корист. Кажувавме и тогаш, но се извршуваше работата. Нашата намера од старт да видат која е потребата од пописот. Не се проблем граѓаните кои подлегнаа на кампањата, туку тие кои ја спроведоа“, кажа Симовски.
Податоците кои се добивале од пописот се споредувале со девет бази на податоци.
„Ова е екстремно брз и за толку краток период за првпат во историјата имаме толку брзо резултати“, додаде Симовски.