ВИДЕО: 58.44% Македонци, 24.30% Албанци живеат во Македонија, објавени резултатите од пописот

Од:

Вкупно попишано население е 2.097.317 лица, од кои 54.21 се Македонци, 29.52 се Албанци, 3.98 се Турци, 2.34 се Роми, 1,18 се Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи.

Резидентно население e 1.836.713 лица, изразено низ проценти е 58.44 проценти Македонци, 24.3 проценти се Албанци, 3.86 проценти се Турци, 2.53 проценти се Роми, 0.47 проценти се Власи, 1.30 се Срби, 0.86 се Бошњаци.

Нерезидентно население кое се попишано се 258.932 лица. Од нив, 24.45 Македонци, 66.36 Албанци, 4.79 Турци, 1.02 Роми, 0.19 се Власи, 0.35 Срби. Во Македонија се регистрирани 598.632 домаќинства и 839 174 станови.

„Најмала општина според број на жители е Зрновци со 2.086, а најголема Куманово со 98.104 жители. Просечна возраст на населението е 40 години. Има 207 празни населени места“, кажа Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика.

Споредено со пописот во 2002 година, тој кажа дека има 185.824 лица помалку. Истовремено, зголемен е бројот на домаќинства за 34.336. Во Град Скопје има вкупен број на жители 526 502 што е зголемен за 2.9 проценти ако се спореди со пописот во 2002 година. Исто така, бројот на домаќинства е 171 171 и зголемен за 16.8 проценти споредено со 2002 година, кога беше последниот попис.

„Успешно и професионално е спроведен пописот. Тимот на Државниот завод за статистика покажа дека знае, може и умее, дека е една од најпрофесионалните институции. На крајот сме од овој специфичен процес. Ако во претходните пописи за обработка на податоците беа потребни околу две години, со овој метод, ги надминавме сите предвидувања, па податоците ги објавуваме во предвидениот шестмесечен период“, кажа Симовски.

Би можело да ве интересира

Македонија има 18.897 неписмени лица, објавен трет сет податоци од пописот

Ана Ололовска

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска

(ВИДЕО) Симовски: Каде беа за пописот тие 132.000 граѓани, наседнаа на убедувањето за бојкот

А1он

Бизнисменот Кирил Лазаров: 100 000 стари жители повеќе и 200 000 млади луѓе помалку е огромниот предизвик по економската одржливост на државата, а не што сме по вера и нација

Ана Ололовска

Демократската Партија на Турците не ги прифаќа резултатите од Пописот

А1он

Демократски сојуз: Резултатите од пописот не се одраз на реалноста