Директорот на Државниот завод за статистика ги презентира резултатите од пописот на населението, домаќинствата и становите. Статистичката операција се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година.
Присутни во салата се претставници на повеќе државни институции, а во првите редови се министрите придружувани од премиерот Димитар Ковачевски.