Поради големата суша која најмногу го погоди земјоделието, Словенија е пред прогласување природна катастрофа.
Според фармери, пченка е засадена на 15.000 хектари во Прекумурје и веќе не може ним да им помогне ниту поплава, а камоли наводнување, јавуваат словенечки медиуми.
На Дравското и Птујско поле исушени се 80 отсто од површините засеани со пченка, а исушени се и 20.000 хектари тревна површина која би требало да прехрани стока.
Од сушата не се поштедени ниту подрачја на кои се засадени лозје и друго овошје. Словенечката Влада се уште не им има исплатено помош ветена на фармерите за ланската суша. Напоредно со дискусиите во јавноста за последиците од овогодишната суша во тек е и расправа за последиците за неангажирање на централните и локални власти во изградба на системи за наводнување.