Малезиската полиција денеска соопшти дека уапсила десет луѓе облечени како нинџи кои дошле во кралската палата во бизарен обид да го преземат тронот.
Полицајците успеале да ја спречат невооружената група да влезе во палатата. Локални медиуми тврдат лицата од групата се следбеници на малезиски муслиман кој вели дека е од кралско потекло.
– Нивните претензии немаат смисла. Тие тврдат дека поседуваат писмо за именување од Филипини, велат во полицијата.
Против десетмината „нинџи“ е покрената истрага врз основа на закон кој забранува доведување во прашање на авторитетот на кралот, за што е предвидена и доживотна казна.