Медински: Бараме демилитаризација, признавање на Крим и Донбас

Од:

Шефот на рускиот преговарачки тим со Украина Владимир Медински изјави денеска дека руската страна инсистира на „сеопфатен договор“ со Украина, каде освен неутралниот статус на Украина и безбедносните гаранции, ќе биде вклучени и точки кои се од витално значење за Руската Федерација.

„Малку е веројатно постигнување договор со Киев без демилитаризација, денацификација, признавање на Крим и Донбас“, изјави Медински.

Тој вели дека руската страна инсистира и на уште некои точки, без кои, исто така, е малку веројатно постигнување на договор.

Медински посочи, дека и двете страни во преговорите се повеќе се приближуваат во разбирањето на помалку важните прашања, но додаде дека е постигнат ограничен напредок за клучните прашања.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје