Проектот Сончев Град во Сопиште ќе почне да се гради од наредната година

Од:

Проектот Сончев Град во Сопиште ќе почне да се гради од наредната година, пренесува Фактор.

Ќе има три типа на објекти. Домување во станбени куќи за кои минималната површина на градежната парцела изнесува 500 метри квадратни, домување во станбени куќи, што ги опфаќа сите видови куќи со дворови, како што се самостојни, двокуќи, куќи во низови, атриумски куќи и други, а и исто така, предвидена е и изградба на станбени згради каде се опфатени сите видови на згради. Вкупната површина на населбата ќе биде 84.000 квадратни метри, а во неа ќе можат да живеат околу 6.000 луѓе.

Во планот е предвидено и заштитно зеленило во кое спаѓаат уредени зелени површини чија основна намена е да ги изолираат зоните со инкомпатибилни намени и имаат улоги на тампон зони. Ќе има портски терени, градинка, паркови.

Освен Сончев Град, на истиот потег се најави изградба на уште три други населби од таков тип.
Министерот Јанакиески за Фактор вели дека се работи за дополнително земјиште сопственост на Република Македонија кое се граничи со границите на населбата Сончев град.

„Очекувам и на овие површини да се градат нови населби. Во иднина овие проекти ќе ги развиваме во соработка со општината Сопиште“, изјави Јанакиески.

Се очекува изградбата на Сончев Град уште повеќе да ја зголеми атрактивноста на локациите во околината, односно во Сопиште и Соње. Со тоа се очекува во овој дел да продолжи ценовниот раст на земјиштето, а особено на градежните парцели.

Сега парцелите во Сопиште се движат околу 50 евра за метар квадратен, а од 20 до 30 евра се продаваат парцели во населбата Соње, велат од агенциите за недвижности, од каде што додаваат дека постојано има интерес за градби во овој дел од градот.

Џеваир холдинг на лицитација го купи земјиштето за изградба на Сончев град за околу 1,8 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Десет години за 4,4 километри: Патот Водно-Сопиште изграден чека „амин“ од институциите

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски

За изградениот но забранет пат за Сончев Град ќе се менува Законот за градење

Маја Илиевска-Пачемска

СДСМ: Проектот Сончев Град на Груевски зад себе остави само милионски штети врз Буџетот и уништено зеленило на Водно

Наум Локоски

(ВИДЕО) Јанакиески: Постапката за Сончев град е законска, СЈО спроведува хајка против ВМРО-ДПМНЕ

А1он