Арифи: Нема да дозволиме монтирани процеси

Од:

Спорот со името, не е проблем кој може да предизвика големи потреси, вели вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи, во интервју за „Ал Џезеира”.

Поврдува дека услов за членство во НАТО е решавање на името. Тоа, вели, е сериозен политички проблем кој ги кочи интеграциите во НАТО, како што е одлучено на Самитот во Букурешт. Потенцира дека има разлика во врска со прашањето за името и интеграцијата во ЕУ со влијанието на спорот за името при членството на Македонија во НАТО.

„Мене како на вицепремиер за европски прашања, ЕУ, никогаш изричито не ми рекла дека мораме да го решиме спорот со името за да ги отпочнеме преговорите. Затоа и моја иницијатива беше да најдеме алтернативен начин, за да ги започнеме преговорите со ЕУ“, вели Арифи.

Теута Арифи, во интервјуто за „Ал Џезеира“ за убиството во Смиљковци, вели дека немаат намера да дозволат монтирани процеси и малтретирање на луѓе.

„Имаме наш став, имавме неколку партиски состаноци. Имавме период којшто беше многу сензитивен, конфликти меѓу учениците, кои кулминираа со последното убиство на пет млaди луѓе. Секако, истражните органи треба да најдат кој стои зад убиството и кој е извршител. На тоа инсистираме бидејќи не сакаме да се случи колективизација на одговорноста. Во секоја нација имате добри луѓе и оние кои можат да направат такви работи. И тие треба да бидат идентификувани. Во мултиетничките средини ако тоа не се случи долго време, имате ризик од тензии кои се уште поопасни“, додава Арифи.

Арифи вели дека не може да се прифатат изјавите за „исламски радикализам, тероризам“.

„Затоа што мислам дека не е добро да прејудицирате такви работи. Постои процес. Ако тој процес докаже дека е така или онака, тогаш може да зборуваме. Но, да се прејудицира, тоа не е прифатливо“, рече Арифи.

ДУИ, вели дека се воздржани, затоа што се сериозна политичка партија и во вакви ситуации кога излегуваат јавно, ги говорат работите кои добро ги „испекле“.

Би можело да ве интересира

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити