Зеленски ја прифати поканата на Трудо да говори и пред канадските парламентарци

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја прифати поканата на канадскиот премиер Џастин Трудо да се обрати пред канадскиот парламент, јави Укринформ, повикувајќи се на твит на канадскиот премиер.

„Го поканив претседателот Зеленски да се обрати во канадскиот Парламент. Канаѓаните се инспирирани од храброста и издржливоста на Украинците и лидерството што го покажа претседателот и знам дека тие се желни да слушнат директно од него“, напиша Трудо на Твитер.

Претходно, канадскиот премиер во телефонски разговор со Зеленски ветил дека ќе испрати специјализирана воена опрема во Украина, вклучувајќи и камери за дронови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени