Курти: Немаме датум за аплицирање за кандидат за членство во ЕУ

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата Влада се уште не одредила датум за поднесување барање за добивање на статусот на земја кандидат за членство во Европската унија, но дека е извесно оти тоа ќе се случи во текот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Курти, потребата да се забрза процесот на аплицирање на Косово во ЕУ е наметната од „новите геополитички случувања“.

Курти денеска за време на неговата посета на училиште во Приштина, оизјави дека дредувањето на датум нема да ѝ помогне на Владата за да ги изврши потребните подготовки во тој правец.

– Ние сме кажале дека тоа ќе го сториме годинава и новите геополитички случувања секако дека ни наметнуваат забрзување, но немаме некој датум за кој би можеле да кажеме дека ќе аплицираме за статусот за кандидат во ЕУ, ниту пак за во Советот на Европа. Верувам дека одредувањето датум сега не би им помогнало на нашите подготовки и би било објективно невозможно, бидејќи има многу работа за да стигнеме до таа точка, кон која сепак треба да чекориме што е можно побрзо, рече Курти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина