Штајнмаер: Се подготвуваме за долга војна во Украина

Од:

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска изјави дека се подготвува за „долга“ војна во Украина, откако руската офанзива влезе во втората недела.

Во својот говор во Литванија, каде што ги посети германските војници стационирани во балтичката земја, која е членка на НАТО, Штајнмаер истакна дека не гледа „никакви знаци дека војната наскоро ќе заврши“.

– Веројатно ќе биде долга и ние ќе бидеме трпеливи, нагласи тој пред новинарите, заедно со неговиот литвански колега во воената база Рукла.

Нарекувајќи ја војната „кршење на меѓународното право“, шефот на германската држава рече дека „никој во текот на историјата нема да може да го оправда она што во моментот се случува во Украина“.

– Дека родителите ги губат своите деца, дека нивните деца ги губат своите родители, дека луѓето губат сè, истакна Штајнмаер.

Германија ја предводи мултинационалната борбена група на НАТО во Литванија и неодамна го зголеми бројот на своите војници во таа земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина еден од најдобрите украински пилоти

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина