Етихад и ЈАТ потпишаа договор за стратешко партнерство

Од:

Националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати „Етихад“ денеска потпиша Договор за стратешко партнерство со српската авиокомпанија ЈАТ.


„Етхад“ купи 49 проценти од ЈАТ, а државата задржа 51 отсто од акциите. Српската авиокомпанија и ќе го смени името во „Ер Србија“.


Според Договорот „Ер Србија“ до крајот на годината ќе добие 10 нови авиони „Ербас“ и ќе отвори работни места за 50 пилоти. Државата ги презема долговите на ЈАТ, кои достигнаа 170 милиони евра.


„Етихад“ е еден од најдобрите авиопревозници во светот, поседува 77 авиони „Ербас“ и „Боинг“ и превезува 10 милиони патници годишно до 94 дестинации на Блискиот ИСток, Африка, Европа, Азија, Австралија и Америка. „Етихад“ има удел од 29 проценти во германската авиокомпанија „Ер БЕрлин“ и 40 отсто во „Ер Сејшелс“ и помали удели во неколку светски авиокомпании.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија