Додека пишуваме повеќето од нас се концентрира само на содржината на напишаното, но некои тврдат дека од ракописот може многу да се дознае за карактерот на пишувачот.
Дали сме арогантни, повлечени, исплашени, нервозни или самоуверени? На тоа и уште пет илјади прашања може да ни одговори графологијата, псевдонаука за ракописот.
Во истражувањето, што го спроведе фирмата „Нешанл Пен Комапни“, се наведува дека големината и формата на буквите и растојанието меѓу зборовите укажуваат за особини многу повеќе отколку што се мисли.
Доколку пишувате мали или ситни букви, најверојатно сте повлечена и срамежлива личност, додека буквите со умерена големина сведочат за прилагодливи и стабилни личности.
Големото растојание меѓу зборовите значи дека уживате во слобода и не сакате да бидете опкружени со многу луѓе. Тие кои не можат да поднесат да бидат осамени пишуваат збиени реченици.