Парламентарни избори на Малта на 26 март

Од:

На Малта ќе се одржат парламентарни избори на 26 март, изјави премиерот Роберт Абела, додавајќи дека ќе побара од претседателот да го распушти Парламентот.

Петгодишниот мандат на Владата завршува во јуни, а според анкетите на јавното мислење, се очекува централно-левичарската Лабуристичка партија на Абела да освои трет последователен мандат.

– Иднината е светла затоа што сме силни во сегашноста, истакна Абела пред приврзаниците на митингот во Флоријана, недалеку од главниот град на Малта, Валета.

Абела е премиер и лидер на лабуристите по оставката на Џозеф Мускат во јануари 2020 година, кој ја доведе партијата до убедливи победи во 2013 и 2017 година.

Поранешниот премиер на Малта, Мускат, поднесе оставка по апсењето на бизнисменот Јорген Фенек, кој е обвинет за соучесништво во убиството на новинарката Дафне Каурана Галиција во октомври 2017 година.

Медиумите тогаш објавија дека Мускат и неговиот шеф на кабинет биле добри пријатели со Фенек. Никој од нив не е обвинет за вмешаност во убиството.

И покрај оставката на Мускат и обвинувањата за корупција, Лабуристичката партија останува водечка благодарение на силната економија и големата помош за компаниите за време на пандемијата на Ковид-19.

Изборите на 26 март ќе се одржат една недела пред посетата на папата Франциск.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски