Вирусот BA.2, подваријанта на омикрон, познат и како стелт, не само што се шири побрзо, туку може да предизвика и да ја влоши формата на болеста, покажа новото јапонско истражување.
Новите лабораториски експерименти од Јапонија покажуваат дека BA.2 може да има карактеристики што го прават способен да предизвикува сериозни болести како постарите варијанти на ковид, вклучувајќи го и видот делта.
И како омикрон, се чини дека во голема мера го избегнува имунитетот што го создаваат вакцините. Дополнителна доза од вакцината ја враќа заштитата, што ја прави болеста околу 74 проценти поблага по инфекцијата.
Според студијата BA.2 е исто така отпорен на некои третмани што се користат во лекувањето на претходните варијанти.