Отштета од 775.000 долари за сопка од „легнат полицаец“

Од:

Американката Алис Свонсон, што падна и го повреди рамото откако се сопна од „легнат полицаец“, доби од казино во Лас Вегас отштета во висина од 755.000 американски долари.

Врховниот суд на американската сојузна држава Невада ја потврди претходно изречената пресуда од понискиот суд за овој случај.

Алис Свонсон судската постапка ја покренала уште во 2007 година, откако одејќи по улица се сопнала од легнат полицаец и при падот го повредила рамото. Во тужбата Алис навела дека нерамнината на патот предизвикана од „легнатиот полицаец“ поставен од казиното била превисока, што судот го прифатил.

Судот, донел одлука казиното да исплати на повредената 375.000 долари надоместок за досегашната болка и страдање, како и 400.000 долари за болка и страдање што ќе ги доживее во иднина како последица од повреденото рамо.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ