Симптоми на „скриен“ Омикрон

Од:

Вртоглавица и постојан замор може да се знаци на „скриената“ верзија на Омикрон, пишува британскиот весник „Мирор“, повикувајќи се на Националната здравствена служба (НХС) на Англија.

Како што пренесе Бгнес, според докторката Анџелика Коци, заморот и болките во мускулите често се показатели за овој тип на САРС-КоВ-2. Вртоглавица е исто така меѓу вообичаените симптоми на мутацијата BA. 2

Некои од овие знаци може да се појават и исчезнат во текот на денот, велат лекарите. Доколку се упорни или многу интензивни, пациентот треба да се консултира со специјалист.

Агенцијата за здравствени услуги на Обединетото Кралство (UKHSA) веќе го идентификуваше BA. 2, нов тип на Омикрон, како регистрирана варијанта. BA. 2 се нарекува „скриен“ затоа што во лабораторија е тешко да се разликува од оригиналниот BA. 1. Сепак, ПЦР тестовите и брзите антигенски тестови се несомнено позитивни кај оние кои се заразени со оваа варијанта на SARS-CoV-2.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски