Џакара Ентони го освои првото злато на Зимска олимпијада за Австралија по пауза од 12 години, откако триумфираше на натпреварувањето могулс во фристал скијање, пред Американката Џелин Коф и Русинката Анастасија Смирнова.
First-time medallists! What a feeling! ?
Jakara Anthony (Australia) ?
Jaelin Kauf (United States of America) ?
Anastasiia Smirnova (ROC) ?#FreestyleSkiing | #Beijing2022 | #StrongerTogether pic.twitter.com/KpZ3GclEje— Olympics (@Olympics) February 6, 2022
Могулс натпреварувањето претставува трка во која скијачките се спуштаат на патека полна со нерамнини поставени на 3.5 метри, а покрај тоа има и скокови, а победникот се утврдува со поени доделени според брзината, техниката на поминувањето на нерамнините и скоковите.
Спортот е на Олимписките игри од 1992 година.