Холанѓанецот Патрик Рест постави олимписки рекорд уште во петтата двојка во машката трка во брзо лизгање на 5.000 метри во неделата во Пекинг, но неговото владеење на врвот траеше додека на лизгалки не излезе Швеѓанецот Нилс ван дер Пел, кој во последната двојка го собори неговиот рекорд и го освои своето прво злато.
First Olympic #Gold for Nils van der Poel as he also sets a new Olympic record in #SpeedSkating Men's 5000m!
Congratulations! ?#Beijing2022 | #StrongerTogether | @SWEOlympic pic.twitter.com/0RkVNFMJ4Z
— Olympics (@Olympics) February 6, 2022
Рест на крајот се задоволи со второ место со 6:09.31, додека Ван дер Пел имаше време од 6:08.84, а бронзата отиде кај Норвежанецот Халгеир Енгебратен со 6:09.88. 25-годишниот Ван дер Пел, кој во 2019 направи пауза за да го отслужи воениот рок е првиот Швеѓанец со злато во дисциплината по Томас Густафсон во 1988 година, а минатиот декември постигна и светски рекорд.
Легендарниот 35-годишен Свен Крамер, трикратниот актуелен олимписки шампион, на крајот заврши на деветтото место во својата последна Олимпијада. Тој останува апсолутен рекорд во брзото лизгање со 9 олимписки медали, а ќе се натпреварува и во тимскиот пурсуит и трката со масовен старт во Пекинг.