Почина петгодишното момче Рајан, чие спасување се следеше ширум светот со денови, известија мароканските власти.
Веста за смртта дојде набргу откако момчето беше извлечено од бунарот и ставено во возило на брза помош, по што толпата која се собра и чекаше да биде извлечено детето аплаудираше, објавија локалните медиуми.
За жал, не долго потоа пристигна тажна вест.
Момчето не преживеа, соопшти кралската палата. Кралот Мохамед испрати сочувство до неговите родители, објавија државните медиуми.
Рајан Аврам во вторникот падна во бунар длабок 32 метри во селото Игара во северната мароканска провинција Шефшауен, а спасувачите оттогаш се обидуваа да стигнат до него дење и ноќе.
Тоа беше деликатна спасувачка операција во која паралелно со бунарот беше ископана шахта, а потоа и хоризонтален тунел за да се стигне до момчето.
Спасувачите се обиделе да го одржат момчето во живот давајќи му залихи вода и кислород. Му ставиле надзорна камера за да го следат неговото здравје и да комуницираат со него.
Но, напорот да се извлече момчето беше отежнат од тесниот отвор на сувиот бунар и кревката почва.
Државната новинска агенција МАП објави дека во петокот вечерта почнале да копаат хоризонтално и дека е постигнат напредок. Ископана е дупка помеѓу бунарот и паралелната шахта, соопшти агенцијата, цитирајќи неименуван локален функционер.
#BREAKING: A helicopter has taken little #Rayan to the nearest hospital and Moroccan authorities have yet to provide any updates on his health condition#SaveRayan #قلوبنا_مع_ريان #أنقذوا_ريان https://t.co/rJe3i8Y7iE pic.twitter.com/93QS3SNBph
— Arab News (@arabnews) February 5, 2022
Акцијата за спасување ја успориле камените бариери и делумното уривање на земјата при ископувањето. Сепак на крај иако успешно извлечено, детето починало на пат кон болницата, како што јавуваат медиумите.