Скротителот на крокодили, Правит Суебме имаше огромна среќа и успеа да го преживе инцидентот кога за време на настап пред публика во Тајланд, еден од „дресираните“ крокодили го зграпчи за главата.
Инцидентот се случил на средината на точката, кога 27-годишниот Суебме ја ставил главата во устата на крокодилот, нешто што го правел многупати дотогаш, но во тој момент животнот решило „да откаже послушност“ и да „загризе“.
Целиот настан е снимен на видеото на кое може да се види како крокодилот го загризува Суебме и го протресува. За среќа од овој инцидент тој минал „само“ со 30 конци.
Утен Јунгпрапкорн, сопственик на фармата на крокодили на која се случи инцидентот, изјави дека ова е прва несреќа од ваков вид.
Тој претпоставува дека животното се уплашило откако Суебме се лизнал и случајно го допрел за главата.