Кривокапиќ го отстранува Абазовиќ од уште една функција

Од:

Владата на Црна Гора на денешната телефонска седница ќе гласа за предлогот на премиерот Здравко Кривокапиќ за смена на вицепремиерот Дритан Абазовиќ од уште една функција.

Станува збор за функцијата претседател на Националниот совет за борба против висока корупција.

Со оглед на тоа што Кривокапиќ ја има поддршката од мнозинството министри во Владата, реално е да се очекува овој предлог да биде изгласан на денешната владина седница.

Националниот совет за борба против висока корупција предводен од Абазовиќ е формиран на 17 декември 2020 година, а за негови членови беа избрани д-р Милан Поповиќ, Милојко Спајиќ, Стево Мук, а за шеф на Експертскиот тим беше избрана Вања Чаловиќ Марковиќ.

Кривокапиќ претходно поднесе иницијатива за смена на Абазовиќ од вицепремиерската функција, за која ќе се гласа на 3 февруари во Собранието на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Дритан Абазовиќ е нападнат во дискотека во Будва: Обезбедувањето фрли солзавец, настана хаос

Драма во Црна Гора: Откажаа сопирачките на „мерцедесот“ на Дритан Абазовиќ, 50 метри пред удолница

Горан Наумовски

Црна Гора покренува вселенска програма: „Знам дека ова ќе предизвика потсмев“

Абазовиќ: Најважно е Ѓукановиќ веќе да не е претседател на Црна Гора

И Абазовиќ ќе присуствува на саемот Винска визија Отворен Балкан во Белград

А1он

Абазовиќ за гласањето недоверба на неговата Влада: Балканот е место каде што луѓето сакаат да ги чуваат работите под тепих

А1он