Јужна Кореја ги плати придонесите на Иран во ОН

Од:

Владата на Република Кореја ги плати заостанатите придонеси на Иран во ОН, соопшти Министерството за надворешни работи во Сеул.

– Владата ја заврши исплатата на придонесот од 18 милиони американски долари на Иран во Обединетите нации во активна соработка со релевантните организации како што се Министерството за финансии на САД и Секретаријатот на ОН, се вели во соопштението. Се забележува дека исплатата е извршена за сметка на иранските средства замрзнати во јужнокорејските банки поради американските санкции.

Според соопштение од 13 јануари, иранската Влада побарала од јужнокорејските власти да го платат придонесот на Исламската Република во ОН од замрзнатите средства за да избегне губење на правото на глас во Генералното собрание поради задоцнетиот придонес. Уплатата е извршена на 21 јануари.

Минатата недела на иранската делегација привремено и беше ускратено правото на глас во Генералното собрание на ОН поради задоцнети придонеси. Иран мораше да плати 18,4 милиони долари за да го реши проблемот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа