Во Москва денеска се регистрирани рекордни 11.557 нови случаи на коронавирус, додека бројот на новозаразени во цела Русија во изминатите 24 часа изнесува 38.850, соопштија локалните власти.
Од почетокот на пандемијата, во Русија се регистрирани вкупно 10.938.261 случаи на заразени со коронавирусот.
Во Москва во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 70 лица, со што бројот на починати во главниот град на Русија се искачи на 38.154, соопшти кризниот центар.
Извор: МИА