Иконому: Намалениот број новозаразени влева умерен оптимизам за текот на пандемијата

Од:

Во изминатите денови се забележува нагло опаѓање на бројот на регистрирани случаи, што буди умерен оптимизам. Сепак, текот на пандемијата, останува неизвесен поради многуте асимптоматски случаи и динамиката на вирусот, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за ситуацијата со Ковид-19 во земјата објасни дека експертите, следните неколку денови ги оценуваат како особено клучни, а во однос на здравствениот систем рече дека и понатаму е под зголемен притисок поради истовременото присуство на двете мутации – Омикрон и Делта.

-Податоците што доаѓаат од болниците покажуваат дека седум од десет хоспитализирани се постари од 55 години, а над 85 отсто од пациентите на кои им е потребна механичка респираторна поддршка се невакцинирани, истакна Иконому.

Се осврна и на задолжителната вакцинација на граѓаните над 60 години што денеска стапи во сила, објаснувајќи дека 90 проценти од нив се веќе вакцинирани, а половината од невакцинираните кога беше соопштена мерката, сега веќе се имунизирани.

Упати апел и до останатите да се вакцинираат, „не само за да ја избегнат казната, туки во главно и да се заштитат од тешко заболување“.

-Ова, воедно беше и целта на задолжителната вакцинација и кон тоа се стремиме. Задолжителната вакцинација е средство за индивидуална и колективна заштита, порача Иконому.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, портпаролот на грчката Влада уште еднаш повтори дека до 31 јануари, сите полнолетни граѓани кои се вакцинирале пред седум месеци, потребно е да ја примат бустер дозата, бидејќи во спротивно нивниот сертификат за вакцинација ќе престане да важи и ќе ги загубат привилегиите што ги имаат вакцинираните.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција