Европската унија го поздрави резултатот од српскиот референдум за уставни измени

Од:

Граѓаните на Србија вчера беа повикани да гласаат за уставни измени со цел “зајакнување на независноста на судството“, а исходот го поздрави Европската унија, јави дописничката на МИА од Брисел.

-ЕУ го поздравува исполнувањето на овој важен чекор во уставната реформа со цел зајакнување на независноста на судството во согласност со стратешкиот избор на Србија да се приклучи кон Европската унија, изјави денеска портпаролот Петер Стано.

Унијата повтори дека реформскиот процес во делот на судството треба да продолжи и по овој референдум.

-Низа закони треба да се изменат за ефективно применување на уставните амандмани, тие треба да бидат подготвени како приоритет преку сеопфатна реформа на релевантните закони во согласност со европските стандарди, посочија од дипломатската служба на ЕУ преку соопштение.

ЕУ се заложи дека ќе продолжи од блиску да го следи процесот и да обезбедува финансиска и техничка помош за применување на судските реформи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он