Иако варијанта омикрон на коронавирусот дава многу симптоми слични на обичната настинка, можно е да се направи разлика и соодветно, да се одлучи дали да се оди во ковид амбуланта.
Покрај тоа што е утврдено дека поголемиот дел од ковид пациентите се соочуваат со гребење во грлото, експертите во пракса утврдиле и три симптоми кои ги дава омикронот, а кои не се појавуваат при настинка.
„Единствената карактеристика на короната е губење на чувството за мирис и вкус, што нема да го најдете со вирусот на настинка“, рече д-р Хаи Шао, лекар за заразни болести во медицинскиот центар Шарп Чула Виста во Сан Диего за CBS 8, додавајќи дека обичната настинка не предизвикува силна треска и силна главоболка, кои се доминантни симптоми на омикрон.
„Ако ги имате овие симптоми, многу е поголема веројатноста дека сте се заразиле со ковид отколку вирусот на настинка“, рече Шао, истакнувајќи дека сличните симптоми на омикрон и настинка вклучуваат зголемена телесна температура и болки во грлото, а како што болеста напредува и кашлање, краток здив и отежнато дишење.