ФОКУС во новиот број, збогатен и надграден, донесува нови интересни содржини.
До кои високи функционери допира античката рака на неодамна уапсениот Паско Кузман?
Кои се оф шор шемите на индискиот милијадер Субрата Рој?
Како и кога од општина центар исчезна тендерска документација за спомениците на проектот „Скопје 2014“?
На кој начин професорот Јове Кекеновски ги предизвикува на претседателски дуел Срѓан Керим и Зоран Ставрески?
Во интервју за ФОКУС Легендата на македонската архитектура Георги Константиновски нуди лек за спомениците. Aктивирање на крановите.
Од овој број нов соработник на „тајните служби на ФОКУС“ е Сашо Кокаланов, со козеријата Коза Ностра и редовната колумна Гоцева Тараса.
Читајте ФОКУС за нештата да бидат појасни!