Поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш постариот, ја избричи главата во знак на солидарност за малиот Патрик, кој боледува од леукемија.
Двегодишниот Патрик, кој е син на еден од телохранителите на Буш, ја загубил косата во текот на лекувањето на леукемијата, па поранешниот претседател заедно со другите агенти решија да му изразат поддршка со бричење на своите глава.
Како што јави „Хафингтон Пост“, фотографијата на ќелавиот Буш заедно со Патрик, на Твитер ја објави неговиот потпарол, Џим Мекграт.