Челзи нема да го пушти Лукаку во друг клуб во зимскиот трансфер период

Од:

Челзи нема намера да ја прекине соработката со напаѓачот Ромелу Лукаку.

Белгиецот во интервју изрази незадоволство од неговата улога во лондонскиот тим, а ја призна и својата љубов кон Интер, велејќи дека жали што го напуштил миланскиот клуб.

– Не требаше да се случи. Ќе се вратам, рече кусо Лукаку за италијанските медиуми.

Според инсајдерот Фабрицио Романо, Челзи не планира да го пушти Лукаку во друг тим овој месец. Ставот на клубот по ова прашање е многу јасен и се сведува на тоа дека напаѓачот нема да си замине. Сините нема да го продадат напаѓачот.

Селекторот Томас Тухел ќе разговара со Лукаку за да ја разјасни ситуацијата со фудбалерот.

Дваесет и осумгодишниот Белгиец има 13 настапи и пет гола во Премиер лигата оваа сезона.

Би можело да ве интересира

Белгискиот фудбалер Ромелу Лукаку потпиша договор со Наполи

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска