Надбискупот Дезмонд Туту, добитник на Нобеловата награда за мир и истакнат ветеран во борбата против апартхејдот во Јужна Африка, почина на 90-годишна возраст, објави во неделата јужноафриканскиот претседател.
„Смртта на мирниот надбискуп Дезмонд Туту е уште едно тажно поглавје во збогувањето на нашата нација со членовите на генерацијата Јужноафриканци кои не задолжија и ја ослободија Јужна Африка“, рече претседателот Кирил Рамафоса.