Шансите да побараат лекарска помош се 70% помали кај заразените со омикрон

Од:

Луѓето кои се заразени со омикрон имаат 50 до 70 отсто помали шанси да побараат лекарска помош, во споредба со претходните варијанти на вирусот.

Британската здравствена агенција вели дека раните откритија се охрабрувачки, но дека варијантата сепак може да доведе до голем број на хоспитализирани.

Генералниот сектретар на Агенцијата вели дека е премногу рано да се одредат следните чекори.

Истражувањато покажува дека силата на вакцината да го спречи вирусот да ги зарази луѓето опаѓа 10 седмици по бустер дозата.

Извештајот доаѓа од податоците од Јужна Африка, Данска, Англија и Шкотска.

Последните анализи се базирани на случаите на омикрон и делта во Британија од почетокот на ноември, во кои вклучени се 132 лица кои биле хоспитализирани. Регистрирани се 14 смртни случаи кои се последница на омикрон во рок од 28 денови.

Сепак се истакнува дека и покрај послабата варијанта на вирусот, притисокот врз болничките капацитети ќе се почувствува поради брзото ширење на омикрон.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски