И за Нинџа се бара помилување, заменик-министерот за правда не се согласува со сите предлози

Од:

Александар Василевски-Нинџа осуден за „27 април“ и сведок во предметот „Организатори на 27 април“, неофицијално е еден од затворениците за кого од затворот „Скопје“ во Шутка е побарано помилување. Ваквиот предлог е доставен до Министерството за правда, каде министерот Бојан Маричиќ ќе треба да одлучи дали истото ќе го предложи и до претседателот Стево Пендаровски. Комисијата за помилување ќе го има последниот збор за тоа кои затвореници предвреме ќе излезат од затворите.

„А1он“ праша и во Министерството во правда, дали Александар Василевски-Нинџа е на листата за помилување, но до овој момент нема одговор.

Истовремено, заменик-министерот за правда, Ахим Нухиу кажа дека реагирал за одредени предлози за помилување. Тој посочи дека нема да поддржи намалување на казни на лица кои ги разнишале темелите на државата.

„Во однос на предлозите за помилување на некои затвореници, во својство на Заменик министер за правда не се согласив и секако институционално реагирав! Предлозите на Управите на затворите за помилување на одредени затвореници кои со своите криминализирани дела ги вознемируваа граѓаните и ги разнишаа темелите на државата, никогаш нема да ја добијат мојата поддршка и не треба да имаат поддршка ниту од ресорот за правда. Никогаш нема да молчиме за каузата на правдата!“, напишa Нухиу.

Василевски-Нинџа има одлежано 3 години и 11 месеци од седум годишната затворска казна. Тој доби најмала казна споредено со останатите осудени лица, која Апелација ја скрати за една година. Сега, тој користи и право на викенд, па сабота и недела, со оваа погодност, ги поминува надвор од затворот.

Би можело да ве интересира

Почнати се разговори за нов состав на Комисијата за помилување

Горан Наумовски

Колективна оставка на членовите на Комисијата за помилување

А1он

Мицкоски: Случајот со помилувањето е кукавичко јајце оставено од претходната Влада

А1он

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко-босови

СДСМ: Апсењето на Равманоски е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањата!

Горан Наумовски

Помилуваниот Акиф Равмановски само што излезе од „Идризово“ е уапсен за убиство

Горан Наумовски